ЛИДЕР пристапот во МАКЕДОНИЈА

Во Република Северна Македонија LEADER/ЛИДЕР пристапот како метод за иницирање и мобилизирање на руралното население за спроведување на активности во локалните рурални заедници е нова тема .

Во последните две до три години се прават огромни напори за воведување на LEADER/ЛИДЕР, како дел од 5-тата компонента на ИПА – програмата ИПАРД.

Воведувањето на LEADER/ЛИДЕР пристапот во Македонија е се уште во почетна фаза – изготвување на стратешките документи .

Тековно се подготвуваат критериумите за регистрирање на ЛАГ и се изготвувааат стратешките документи на локално ниво, каде лежи клучот на успехот на спроведување на целокупниот LEADER/ЛИДЕР пристап.

Тековно се прават напори од сите заинтересирани страни, овој почетен период да се заврши најдобро, во рамките на веќе постојните позитивни практики во опкружувањето, како и почитувајќи ги јасно дефенираните карактеристики и критетиуми на LEADER/ЛИДЕР пристапот.

Законска рамка

  • Закон за земјоделството и руралниот развој
  • Правилник за поблиските услови за запишување во регистарот на ЛАГ-ови
  • Правилник за содржината и метологијата на подготовување на стратегии за локален развој на рурални средини
  • Список на рурални подрачија во Македонија

Останати задолжителни услови за членовите на ЛАГ-от:

  • Претставниците на јавниот сектор (општина и други државни институции) треба да бидат застапени најмногу 20% од вкупниот број на членови на ЛАГ-от;
  • Претставниците на граѓанскиот сектор (здруженија, граѓани поединци, жени, млади итн) треба да бидат застапени со најмалку 50% од вкупниот број на членови на ЛАГ-от;
  • Претставниците на деловниот сектор треба да бидат застапени со намјногу 30% од вкупниот број на ЛАГ-от;

СТРАТЕГИЈА ЗА ЛОКАЛЕН РУРАЛЕН РАЗВОЈ

Во текот на првата година од формирањето на ЛАГ-от потребно е да се изготви заедничка стратегија за територијата на која ќе работи ЛАГ-от. Стратегијата треба да биде изготвена согласно Методологијата и напатсвијата усвоени од страна на МЗШВ. Истата стратегија треба да биде одобрена и прифатена од страна на Советите од Општините како и од МЗШВ.

Ваквата стратегија е неопходна заради упис во регистарот на ЛАГ-ови при МЗШВ и претставува услов за активирање на финансиски средства од програмата на LEADER за подршка на локалниот развој.