Краток историјат на LEADER/ЛИДЕР пристапот

Во рамките на државите во Европската Унија, почетоците на LEADER / ЛИДЕР ПРИСТАПОТ се забележани во раните деведесети години од дваесетиот век. Главна карактеристика во почетокот се:

  1. подигање на капацитетите на локално ниво;
  2. спроведување на активности на конкретната територија.

Со тек на времe, LEADER/ЛИДЕР пристапот еволуираше и во квалитет и во квантитет, пред се, во смисол на големината на територијата во која се применува, потоа на бројот на локални чинители, коишто се директно вклучени во овој пристап, бројот на изработени стратегии за развој и нивниот квалитет, движењето на финансиската поддршка и слично.

Пристапот LEADER/ЛИДЕР денес зазема се позначајна улога во рамките на Заедничката земјоделска политика ( ЗЗП ) на Европската унија . Политиката за Рурален развој има една приоритетна цел, а тоа е промовирање на развој, поточно оддржлив развој во средините со рурален карактер во Европа, со акцент на решавање на проблеми од економската, социјалната и областа на екологијата.

 

Потребата од ЛИДЕР пристапот?!

  • Индустријализацијата која ги испразни руралните средини;
  • Неодржливите политики со кои се форсираа само урбаните центри;
  • Лошите животни услови во руралните средини;
  • Нерамномерната распределба на финансиските ресурси;
  • Невклучување на засегнатите чинители во креирањето на локални политики;

 

Што претставува ЛИДЕР?

LEADER/ЛИДЕР претставува интегриран пристап „одолу-нагоре“ кој треба да ги обедини локалните заинтересирани страни, кои преку обединување на различни идеи и проекти, со употреба на локални ресурси овозможуваат создавање на додадена вредност на локално ниво со можности за развој на капацитетите и отварање на нови работни места во руралните средини.

Најмалку 5% од фондовите на ЕУ за секоја програма треба да се резервират за LEADER/ЛИДЕР за постарите земји членки односно, во просек 2,5%, за новите земји членки и земјите аспиранти со оглед на нивното ограничено искуство .

Формирање на ЛАГ-ови (локални акциони групи) врз основа на нивните предложени ( и усвоени ) стратегии за локален развој по утврдениот партиципативен пристап. Важна цел е да се засили соработката за да се поттикне и засили вмрежувањето со формирање на национални мрежи за рурален развој и конечно формирање на Европската мрежа за рурален развој, а во рамките на целокупната политика на ЕУ за рурален развој.

 

ПРИНЦИПИ НА ЛИДЕР

  1. Стратегии за локален развој засновани на области
  2. Пристап одолу-нагоре
  3. Партнерство помеѓу јавниот, граѓанскиот и приватниот сектор-ЛАГ
  4. Иноватиност во пристапот
  5. Интегрирани и мултисекторски акции
  6. Вмрежување
  7. Соработка