На повикот објавен од страна на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ЛАГ „Бојмија“ конкурираше за финансиски средства по Мерка 412 и Мерка 413.
ЛАГ „Бојмија“ на овој повик конкурира за финансиски средства по Мерка 412 каде преку набавка на ИТ опрема и канцелариски мебел ќе се подигнат на капацитетите на ЛАГ „Бојмија“, ќе се создадат неопходни услови за работа на членовите на ЛАГ-от и ќе се стават во функција просториите на ЛАГ-от, и, по Мерка 413, каде се планирани два проекта-Поставување на информативните табли, со можност граѓаните во опфатот на ЛАГОТ да се стекнат со основните знаење: што е Локална акциска група, што претставува ЛЕАДЕР, кои услови ги нудат итн.., и
Проектот за изработка на Андроид апликација ќе ja зголеми општата и туристичката информираност за микрорегионот кој го опфаќа ЛАГ „Бојмија“ и ќе се овозможи брз и ефикасен преглед на потенцијалните можности за развој на туризмот во различни области од ЛАГ Бојмија. Сепак, најважната придобивка е тоа што локалните чинители за првпат ќе имаат можност за работат заедно на проект, кој што треба да укаже на добите и лошите страни при имплементација на проекти, на тековната подготвеност на тимовите за управување и реализација на проекти.