Во рамките на проектната иницијатива Е – Рурален Маркет која беше финансирана од Мрежата за рурален развој на РМ, а во рамките на проектот АЛТЕР беше креирана социјалната мрежа Rural Market ( ruralmarket.net). Со креирањето на социјалната мрежа Rural Market се создаде мрежа за соработка помеѓу повеќе сектори кои работат на полето на руралниот развој на териториите на општините Босилово, Василево, Ново Село и Струмица, како и создавање на мрежа за соработка од областа на претприемништвото и развојот на бизнисот. Вмрежувањето со интернет платформата обезбеди простор за споделување и достапност на разновидна стока, достапност на информации од повеќе секторски области, како и мислења, дискусии за заеднички проблеми, пребарување партнери за реализација на заеднички проекти. Дополнително, во рамките на проектот беше креира и мобилна апликација која е лесна за ракување и која ќе биде достапна за секој кој сака да ја има на својот паметен телефон.
Заради информирање на целните групи, односно крајните корисници со можностите на оваа мрежа, а со цел помош на лицата кои работат на развој на руралните средини ЛАГ Беласица Огражден ќе организира повеќе видови на промотивни активности. Промотивните активности ќе се од различен карактер и тоа: информирање на заедницата со помош на медиумите (објави на Фејсбук), средба со земјоделци и луѓе кои работат во руралниот развој, презентации пред вработените од општинската администрација, пропаганден караван, пропагандна конференција. Исто така, во рамките на оваа проектна активност ќе биде опфатено и печатење и делење на рекламен и работен материјал.
Проектни активности:
- Информирање на заедницата со помош на медиумите (објави на Фејсбук);
- Средба со земјоделци и луѓе кои работат во руралниот развој;
- Презентации пред вработените од општинската администрација;
- Пропаганден караван;
- Пропагандна конференција;
- Печатење и делење на рекламен и работен материјал;