Со поддршка од проектот „Подобрување на перцепцијата за ЕУ кај руралните граѓани”, поддржан од УСАИД – Американска агенција за меѓународен развој и имплементиран од Мрежата за рурален развој (МРР), ЛАГ Беласица Огражден пристапи кон ажурирање на својата Стратегија за локален развој за територијата на општина Босилово, Василево, Ново Село и Струмица.

 

 

ТЕК НА РАБОТИЛНИЦА 1

Презентацијата на која беше претставена досегашната Стратегија за локален развој за периодот 2016 – 2020 на учесниците на работилницата им беше пратена во електронска верзија по е – маил. Учесниците си зедоа за обврска да ја разгледаат досегашната Стратегија, бидејќи треба да биде појдовна основа за ревидирање на истата и созадавање на нова Стратегија за локален развој за периодот 2021 – 2025.

Учесниците на оваа работилница во понатамошната фаза беа поделени во тематски групи со по четири до пет учесници, и со секоја тематска група се работеше одделно.

Во оваа фаза беа созадени пет тематски групи и тоа:

  1. Работна Група 1 – Животна средина
  2. Работна Група 2 – Рурален туризам
  3. Работна Група 3 – Инфраструктура и просторно уредување
  4. Работна Група 4 – Земјоделство
  5. Работна Група 5 – Економски развој и Социјална Инклузија

Секоја од работната група имаше за цел да направи swot анализа за своето тематското подрачје за територијата на  ЛАГ Беласица Огражден.

Првата работилница заврши со дефинирање на три Стратешките цели, а основата беше земена од Стратешките цели кои беа користени во периодот од 2016 – 2020.

 

ТЕК НА РАБОТИЛНИЦА 2

Работилницата започна со разгледување на приоритетите во Стратегијата за локален развој за периодот од 2016 -2020.

Во разговорот за време на работилницата беа дадени повеќе предлози за приоритети кои произлегуваат од Стратешките цели. При рангирањето на приоритетите на сите три Стратешки цели, учесниците се водеа од потребата, првенствено за приоритети кои ќе придонесат за економско зајакнување на производителите, независно дали се компании или фармери.

Исто така во однос на приоритетите, на работилницата беше констатирано дека досегашните приорите кои беа  дефинирани во 2016 година се сеуште актуелни и треба да се вметнат во новата Стратегија за локален развој, со напомена дека во Стратешката цел 1 треба да има надополнување со уште еден приоритет 1.5 односно Поттикнување на органското производство на територијата на ЛАГ Беласица – Огражден. Истото беше нотирано и во Стратешката цел 2 каде беа искористени истите приоритети со надополнување со нов приоритет 2.5 односно Развивање на мали стопански капацитети различни од земјоделските

За приоритетите од Стратешката цел 3 учесниците се изјаснија дека во потполност одговараат на дефинирањето на оваа Стратешка цел.

На крајот од работилницата приоритетите беа рангирани согласно донесената одлука, да се тргнува од економското зајакнување на компаниите и фармерите, што беше и направено.

 

ТЕК НА РАБОТИЛНИЦА 3

На оваа работилница се работеше по следната Агенда:

  1. Утврдување и дефинирање мерки и активности за реализирање/исполнување на приоритетите
    2. Утврдување на рок за реализација на мерките и активностите за приоритетите
    3. Потребни финасиски средства за реализација на мерките и активностите
    4. Нотирање на потенцијалните извори за финансирање на мерките и активностите

 

Во оваа работилница акцентот беше ставен роковите за реализација на мерките и активностите, потребните финансиски средства за реализација на мерките и активностите , како и утврдување на можни извори за финансирање на истите. За секоја активност/мерка беа констатирани роковите, потребните финасиски средства и потенцијалните извори за финансирање

Со ова сите точки од Агендата беа исполнети.

Исто така на работилницата се донесе заклучок сите материјали кои произлегоа од овие три работилници да бидат доставени до учесниците на повторно разгледување во случај да некаде се направи некаква промена.

 

ТЕК НА РАБОТИЛНИЦА 4

На оваа работилница на почетокот беше направен еден краток осврт од досегашните работилница, едно постетување што е сработено. Исто така, беше направен преглед на забелешките кои учесниците претходно ги беа доставиле.

Бидејќи третата работилница заврши со утврдени Стратешки цели, приоритети, мерки/активности, утврдени рокови, потребни финсиски средства, потенцијални извори за финансирање и крајни корисници, на оваа работилница се утврдуваа индикаторите за оценување на ефикасноста, а со кои ќе се мери успешноста во реализацијата на мерката/активност, како и мониторингот за реализација на истата.

На работилницата за сите мерки/активности беа утврдени индикатори и мониторинг, а беа и ажурирани демографски, социолошки и економски податоци за територијата на ЛАГ Беласица – Огражден.

После доставувањето на сите податоци ќе се изработи и драфт верзија на Стратегијата за локален развој 2021 – 2025 година, а истата ќе биде доставена на разгледување на сите учесници во работилницата за евентуални забелешки од истите.

 

ТЕК НА РАБОТИЛНИЦА 5

После доставените финални забелешки од учесниците во ревизијата на Стратегијата за  локален развој, беше оформен финалниот документ кој беше презентиран на засегнатите страни од територијата на ЛАГ Беласица Огражден.