Продолжуваат активностите околу ревизијата на Стратегијата за локален развој на рурални подрачја, на територијата на ЛАГ Бојмија. Изминатата недела се заврши со процесот на анализата на моменталната состојба, а се направи ревизија на делот со SWOT и PEST  анализата. Процесот беше заокружен на 08 Мај, каде што за време на онлајн работилницата се потврдија насоките во делот на приоритетите и стратешките цели. Во наредниот период остануваат да се интегрираат новопредложените програми и  проекти кои се од интерес  на руралното население на територијата, како и да се утврди рамката за меѓународна соработка на ЛАГ Бојмјија. Во процесот учествуваат повеќе заинтересирани лица, компании и граѓански организации од сите четири општини Гевгелија, Валандово, Богданци и Дојран.  Процесот на ревизија на Стратегијата е поддржан од  УСАИД и  Мрежата за рурален развој.