На 14 април (вторник) со почеток во 11 часот се одржа втората работилница  како дел од активностите за  ревизија на стратегијата на Локалната Акциска Група Малеш – Пијанец,  која поради ситуацијата со вирусот Covid 19 и мерките за органиченост на комуникацијата, се одржа онлајн преку алатката ZOOM.    На оваа онлајн работилница на која присуствуваат претставници од локалните самоуправи, граѓанскиот сектор и бизнис секторот од Делчево, Берово и Пехчево се започна со објаснување на процесот на користење на алатката ZOOM по што се пристапи кон останатите активности утврдени со агендата.  Најнапред беше направен преглед  на претходно  дефинираните приоритети и пристапот за дефинирање на соодветни мерки и активности. Потоа беа претставени критериумите за рангирање на приоритети согласно претходно изработената SWOT анализа и дискусиите по работни групи.  Онлајн состанокот беше заокружен со дискусија и предлози за мерки и активности, а беше направена и евалуација и рангирање на приоритетите. За следниот период присутните ги дефинираа следните чекори со конкретни рокови, односно до 14 април ќе се прават дополнувања на SWOT анализата и на приоритетите. До 23 април  од страна на работните групи треба да се дефинираат мерки и активности за предложените приоритети, со рок за реализација, потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансисрање, кои ќе бидат споделени со сите учесници. Два дена пред третата заедничка работилница закажана за 29 април треба да се поднесат коментарите/ дополнувањата на преложените мерки/активности.

Целосната ревизија на стратегијата треба да биде завршена во наредниот период и за разлика од претходната треба да содржи конкретни акции кои се реални и лесно остварливи согласно средствата и условите кои ги има ЛАГот. Исти вакви активности ќе има и за ЛАГовите од југоисточниот регион на државата.

Активностите се дел од проектот „Подобрување на перцепцијата за ЕУ кај руралните граѓани“, кој го спроведува Мрежата за рурален развој на СМ  поддржан од УСАИД – Американска агенција за меѓународен развој.