Новости
Прочитајте ги последните новости поврзани со ЛИДЕР пристапот
За ЛИДЕР
Краток историјат на LEADER/ЛИДЕР пристапот
ЛИДЕР пристапот во МАКЕДОНИЈА
LEADER/ЛИДЕР пристапот во Македонија е се уште во почетна фаза.
Во Република Северна Македонија LEADER/ЛИДЕР пристапот како метод за иницирање и мобилизирање на руралното население за спроведување на активности во локалните рурални заедници е нова тема.
Во последните две до три години се прават огромни напори за воведување на LEADER/ЛИДЕР, како дел од 5-тата компонента на ИПА – програмата ИПАРД.

Што е ЛИДЕР?
Liasion entre Action de Developpment de l’Economic Rurale.fr (LEADER)
ЛИДЕР е иновативен пристап во рамките на политиките за рурален развој на ЕУ, во кој се стимулира полно правно и заедничко учество на сите чинители во процесите на донесување на одлуки и спроведување на активности поврзани со руралниот развој.
ЛИДЕР претставува промовирање на одржлив развој во руралните средини, со посебен фокус на економските и социјалните прашања, како и грижата за животната средина.