Ревизијата на Стратегија за развој на рурална средина на „ЛАГ Бојмија“ во рамките на проектот „Подобрување на перцепцијата за ЕУ кај руралните граѓани“, кој го спроведува Мрежата за Рурален Развој е во завршна фаза. Ревидирани се стратешките цели, приоритети и мерки, се направи ревизија на делот со SWOT и PEST анализата и е направена анализа на моменталната состојба. Во наредниот период остануваат да се интегрираат новопредложените мерки и проекти кои се од интерес на руралното население на територијата, како и да се утврди рамката за меѓународна соработка на ЛАГ Бојмјија. Во процесот учествуваат повеќе засегнати страни, од приватниот јавниот и граѓанскиот сектор. од сите четири општини Гевгелија, Валандово, Богданци и Дојран. Процесот на ревизија на Стратегијата е поддржан од УСАИД и Мрежата за рурален развој.