На 26 октомври, во Скопје, беше организиран состанок на тематската група на МРР за Социјална вклученост, подгрупата за Рурална младина. Дваесеттина претставници на граѓанските организации – членки на МРР на СМ, дискутираа за можностите за вработување на младите во руралните средини. Беа споделени информации за бројни активности и проекти кои се спроведуваат во земјава во насока на давање на поддршка на младите да започнат сопствен бизнис.

Во рамки на заклучоците од состанокот беа дефинирани препораки за младите во руралните средини кои вклучуваат поголемо инвестирање од страна на младите во проширување на своите знаења и вештини со цел да бидат попродуктивни во социјалниот и економскиот живот, како и поголема активност и следење на мерките за самовработување, за Start Up бизнисите и другите мерки кои се во нивна лична корист и развој.

Овој состанок беше одржан со помош на институционалната поддршка за МРР од страна на Шведската развојна организација We effect.