На 22 Јуни, 2018 година во Радовиш, претседателите на Локалните акциски групи „Бојмија“ од с. Стојаково, „Беласица- Огражден“ од с. Босилово, „Брегалница“ с. Зрновци, „Малеш – Пијанец“ од с. Негрево и ЛАГ – от „Плачковица“ од с. Конче потпишаа Меморандум за соработка.

Според претседателот на Здружението ЛАГ Бојмија, Ристо Атанасовски, претставниците на организациите со Меморандумот се согласуваат на отворена соработка, партнерство и координација за формирање и реализирање на заеднички политики за социјален и економски развој на руралните средини.
Притоа, со целите на Меморандумот се обврзуваат здружените ЛАГ –ови да го помагаат економскиот развој во руралните средини, односно да ја поддржат социјалната инклузија во руралните средини, да работат за подобрување на квалитетот на животот и да се води грижа за заштита на природните и културните вредности и ресурсите во руралните средини. Исто така, значајни цели на Меморандумот се и континуираното привлекување на надворешни ресурси за развој на руралните средини и спроведување на заеднички иницијативи за промовирање на европски политики и вредности за рурален развој.

Формираната мрежа на ЛАГ-ови треба да води грижа и за зајакнувањето на одржливиот економски развој на руралните средини преку диверзификацијата на постојните економски активности и да овозможи поддршка на граѓаните во руралните средини со цел да се постигне економска стабилност и повисок стандард на животот.

Неспорно, Мрежата на ЛАГ-овите ќе ја стимулира и соработката во областа на истражувањето и развојот на нови технологии и иновации, а ќе се погрижи и за создавање на микро-регионални мрежи на сите нивоа и сектори на дејности.

На заедничката средба на претседателите на ЛАГ –овите од Источниот и Југоисточниот регион на РМ, се договорија дека Меморандумот останува отворен за пристапување и на останати заинтересирани чинители, кои што мислат дека партнерството е важен фактор за општествено – економскиот развој на руралните средини.

Неспорно, Мрежата на ЛАГ-овите ќе ја стимулира и соработката во областа на истражувањето и развојот на нови технологии и иновации, а ќе се погрижи и за создавање на микро-регионални мрежи на сите нивоа и сектори на дејности.