Во периодот од 5 до 9 септември како дел од активностите на проектот „ЛАГ-НЕТ во Источен и Југоисточен плански регион“, здружението ЦЕЛОР од Радовиш организираше студиската посета на ЛАГ КАРАШИЦА и ЛАГ ПРИЗАГ во Република Хрватска. Учество на студиската посета зедоа претставници од петте лагови од источниот и југоисточниот регион на Македонија. Дел од пет дневната посета на Хрватска беа претставници на ЛАГ Пијанец-Малеш, ЛАГ Плачковица, ЛАГ Беласица Огражден, ЛАГ Бојмија и ЛАГ Брегалница.

Целта на оваа студиска посета на ЛАГ-овите во Република Хрватска беше запознавање со нивната работа и размена на искуства при спроведување на програмите од ЛИДЕР во една европска земја. Учесниците посетата ја започнаа со состанок во просториите на ЛАГ Карашица со членовите и претседателството на ЛАГ-от лоциран во општина Петријевци каде имаа можност да се запознаат со работата на овој Лаг, проектите кои ги спроведува и предизвиците со кои се соочиле од почетокот на нивното регистрирање во 2009 година до денес. Состанокот беше заокружен со посета на дворец и музеј во соседно Валпово и кратка тура низ Општина Белиште. ЛАГ ПРИЗАГ беше втората посета на локална акциона група во Хрватска на која поздравен говор и презентација имаше претставник на Лагот и градоначалникот на Нови Мороф. Потоа беше организирана посета на ОПГ Јакоповиќ – “Куќа на магичната трева“ каде имаше презентација на органска козметика. Во текот на денот посетени беа, винарија „Вински врв“, Болфан каде се одржа и кратка презентација на „Болфан“ и развојот на руралниот туризам и детска градинка финансирана од Европскиот Фонд за Земјоделие.

Студиската посета заврши со патување до Камник, Република Словенија, каде се одржува фестивал на ЛАГ-ови, на кој учество зедоа повеќе од 70 ЛАГ-ови од 9 земји членки на ЕУ. Претставниците од Македонија имаа можност лично да се запознаат со нив да разговараат за нивната работа и да разменат искуства и контакти за понатамошна соработка.

Локалните акциски групи (ЛАГ) претставуваат облик на јавно приватно партнерство во кое се вклучени НВО секторот, бизнис заедницата и локалните самоуправи. На овој начин населението во руралните средини ќе има можност директно да ги посочи своите барања и потреби во однос на развивање на руралните средини, од аспект на подобрување на руралната инфраструктура, развивање на руралниот туризам и подобрување на животната средина.

Целта на оваа студиска посета на ЛАГ-овите во Република Хрватска беше запознавање со нивната работа и размена на искуства при спроведување на програмите од ЛИДЕР во една европска земја.