Во јануари, Мрежата за рурален развој одржа заеднички состанок со раководителите на Источниот и Југоисточниот плански регион и разговараа за идните активности на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени поврзани со афирмација на LEADER пристапот во двата региони. Беше дискутирана моменталната состојба на регионите, општините и чинителите од секој регион со цел да се развие соодветен план за градење на капацитетите и апликативна временска рамка за чинителите.

Активностите за градење на капацитетите за понатамошно проширување на филозофијата на LEADER пристапот во двата региони започнаа на 18 февруари, во Дојран. Таму, пред околу 30 учесници од Валандово, Гевгелија, Богданци и Дојран, МРР во соработка со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, одржа информативна работилница за да ги претстави активностите во врска со ЕУ ЛЕАДЕР пристапот и да го потенцира значењето на LEADER како идна ИПАРД мерка во Република Македонија. Уште една работилница од ваков тип беше организирана на 22 февруари во Штип, на која присуствуваа повеќе од 30 претставници на локалната самоуправа, граѓанскиот и бизнис секторот од Источниот плански регион на Република Македонија.

По првичната промоција на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Дојран и Штип, во март, МРР започна да организира работилници за детална презентација на методологијата на LEADER и нејзините седум карактеристики: стратегија за локален развој базирана на територијален пристап; пристап “од долу-нагоре”; јавно-приватно партнерство: Локална акциски група (ЛАГ); иновативни активности; мулти-секторски пристап; вмрежување и имплементација на проекти за соработка. Во текот на март 2016 година, 5 слични работилници беа организирани во: Гевгелија на 3 март, Штип на 14 март, во Кочани на 15 март, Бел Камен во близина на Радовиш на 28 март и повторно во Кочани на 29 март. Повеќе од 100 претставници на локалната самоуправа, граѓанскиот и бизнис секторот од југоисточниот и источниот плански регион на Македонија, учествуваа на овие работилници чија реализација беше предвидена преку компонентата за градење капацитети, со цел да се зајакнат капацитетите на сите чинители и да се зголеми нивното учество во процесот на планирање и донесување одлуки, значајни за заедницата.

Беше дискутирана моменталната состојба на регионите, општините и чинителите од секој регион со цел да се развие соодветен план за градење на капацитетите и апликативна временска рамка за чинителите.